Норвешки голман е велемајстор за слободни удари (Видео)

Стефан Хагеруп честопати изведува слободни удари за норвешкиот второлигаш Уленсакер Киса, а и вечерва покажа зошто тој е првиот избор во екипата при прекините.

Голманот на Уленсакер постигна прекрасен погодок од слободен удар на дуелот со Јерв и го спаси тимот од пораз. Мечот заврши нерешено 2:2, а голот на чуварот на мрежата на домаќините беше и последен на мечот.

Ull/Kisa – Jerv [2]-2 – Hagrup (Goalkeeper) from soccer

Хагеруп постигна гол и во ланското првенство за својот тим на дуелот со Скејд, а тогаш го најави пресвртот во победата од 2:1 на гостински терен.

- Оглас -

Најнови вести