Норвешкиот клуб мораше да користи автобус на пат само од 220 метри за да стигне до стадионот

Екипата на Бодо/Глимт успешно стартуваше во Лигата на Европа откако на домашен терен со 3:2 славеше над фаворизираниот Порто. Иако домаќин, Бодо/Глимт беше принуден на овој меч да патува со автобус по можеби и најкратката рута и сето тоа поради едно бизарно правило на УЕФА.

Европската фудбалска куќа им правило според кое сите екипи кои се дел од европските купови на стадионот мора да пристигнат со автобус и тоа е поради носителите на ТВ-правата.

Комплетниот тим на Бодо/Глимт во клупскиот автобус се качи во 17:05, а веќе следната минута беа пристигнати на стадионот. Само 220 метри била релацијата која ја поминале со автобусот, но тоа едноставно е правило дека со автобус мора да влезат на стадионот.

Интересно е дека неколкумина од фудбалерите на Бодо/Глимт живеат во непосредна близина на стадионот, но не им е дозволено да пристигнат сами, туку мора да бидат во автобусот заедно со своите соиграчи.

„Во ред е, така ни е речено и немаме намера тоа да го менуваме. Со овој потег сепак го зајакнуваме тимскиот дух и заедништвото. Можеби е бизарно и досадно, но можеме да уживаме заедно барем 30-тина секунди“, вели фудбалерот на Бодо/Глимт, Виладс Нилсен.

- Оглас -

Најнови вести