Норвешкиот трагичар е во шок и депресија, селекторот моли да му се помогне (Видео)

Ракометната репрезентација на Норвешка, според секоја логика, требаше да биде полуфиналист на Светското првенство. На пет секунди до крајот против Шпанија водеше со еден гол-разлика и имаше напад, а тогаш се случија глупост и чудо кои уште долго ќе се паметат, особено меѓу љубителите на ракометот во тие две земји.

Кристијан Бјорнсен ја имаше топката, а имаше и отворен пат кон голот на Црвената фурија и наместо да тргне напред кон противничкиот гол и да го потроши времето, можеби и да постигне погодок, тој ја врати топката наназад и судиите оправдано досудија пасивен напад. Да биде белјата поголема, Шпанија веднаш даде гол и мечот го одведе во продолженија, по кои Шпанците беа подобри за еден гол и се најдоа во полуфиналето.

Што било друго да направеше трагичарот Бјорнсен освен враќање на топката наназад, Норвешка ќе победеше.

„Грозно се чувствувам. Уништив две клучни ситуации. Тешко ми е, жал ми е“, изјави Бјорнсен веднаш по мечот, кој во финишот на второто продолжение имаше зицер и за средбата да ја одведе во изведување седмерци, но и тогаш ја утна работата.

Селекторот Јонас Виле исто така е во шок и рече дека Бјорнсен, кој донел лоша одлука во десетинка од секунда, сега е во депресија и дека треба да му се помогне со давање поддршка.

 

https://twitter.com/i/status/1618329936150003713

- Оглас -

Најнови вести