Норвешките ракометари ќе добијат по околу 18 илјади евра доколку станат европски прваци на турнирот што е во тек и на кој пред почетокот на полуфиналињата се единствената репрезентација со сите победи.
Им требаат уште два триумфи за да стасаат до првата круна на големите натпреварувања. Најголем успех досега им се двете сребра од двата последните ракометни Мундијали, во Германија и Данска лани и во Франција во 2017 година.
Противник на Норвешка во полуфиналето на ЕП 2020 е Хрватска, а мечот почна во 18 часот. Ако испаднат во полуфиналето секој норвешки ракометен репрезентативец ќе заработи премија од по шест илјади евра, што се скромни награди.
Во второто полуфинале од 20.30 часот ќе играат Шпанија и Словенија.