Норвежанец му даде дури четири гола на Реал, Столе прими три парчиња од Барса

Реал Мадрид водеше со 4-1 по првото полувреме на гостувањето кај Вилјареал, но Кралскиот клуб имаше кошмарен старт на вториот дел, брзо прими три гола и гостувањето кај Жолтата подморница го заврши со реми од 4-4.

Александер Сорлот ги даде сите четири голови за Вилјареал, го уништи чуварот Милитао, и веројатно стана јасно дека Бразилецот нема да биде стартер во финалето на ЛШ. Со „покерот“, Сорлот изби на првото место на листата на стрелци во Ла Лига сезонава.

Барселона го победи Рајо Ваљекано со 3-0, Левандовски и двапати Педри го совладаа Столе Димитриевски.

Од Ла Лига покрај Алмерија и Гранада, испаѓа и Кадиз кој денеска одигра само 0-0 со Лас Палмас.

Во Шпанија веќе нема никакви дилеми, јасно е кој оди во Европа кој во втора лига, последното коло ќе биде здодевно и само формалност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести