Норвежанец од Барнли е решението за средниот ред на Манчестер јунајтед

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед е сѐ подалеку од ангажман на Мануел Угарте од ПСЖ, па затоа одлучи да „пазари“ блиску, во Премиер лигата. На менаџерот Ерик тен Хаг му е потребен нов дефанзивен играч за врска во тимот, а англиските медиуми откриваат дека решението лежи во Барнли.


Црвените ѓаволи го посакуваат играчот од средниот ред на Барнли, Сандер Берге.

Норвежанецот е значително поевтин во споредба со Угарте или со Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, кој исто така беше една од опциите на Манчестер јунајтед. Сепак, Сандер Берге чини околу 30 милиони фунти, колку што бара Барнли за својот фудбалер.

Од „Олд Трафорд“ засега изразиле подготвеност да платат 10 милиони помалку, но преговорите се во тек.

- Оглас -

Најнови вести