Норвежаните добија забрана за патување од Министерството за здравство, што ќе биде со дуелите против Романија и Австрија?

Министерството за здравство на Норвешка ѝ забрани на сениорската фудбалска селекција да патува за Романија и за Австрија, што автоматски ги одложи дуелите во Лигата на нациите против овие две репрезентации.

Забраната ја загрози борбата на Норвешка за пласман во сегментот А, бидејќи во пресрет на последниот репрезентативен циклус, Норвежаните имаат по 9 бода со лидерот Австрија во групата 1.

Против Романија требаше да играат утре, додека дуелот против Австријците беше закажан за 18 ноември. Доколку Норвешка не најде начин како да се појави во засега одложените натпревари, може да добие казна од УЕФА, односно да се оди по правен пат и да им се додели службени порази.

 

- Оглас -

Најнови вести