Норвешка ја победи Словенија со 33:30 и го освои првото место во својата група, што значи дека за финале ќе игра против Хрватска.
Словенија ќе мора да го елиминира актуелниот европски првак Шпанија ако сака да игра меч за титулата.
Норвежаните се единствената селекција на ЕП 2020 што ги има сите победи и според прогнозите, е прв фаворит за титулата. И вечерва одиграа сигурно, а до нов триумф ги предводеше Гуликсен со 7 гола. Андреасен и Танген постигнаа по пет гола во меч во кој првиот стрелец на ЕП Сагосен одмораше.
Кодрин и Чехте со по пет гола беа најефикасни кај Словенците, кои исто така одмораа неколку стандардни репрезентативци.
Во меч од Групата 1 вечерва Белорусија и Австрија одиграа нерешено 36:36.