Норвежаните ја нокаутираа Италија во Осло

Во натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026, четирикратниот светски шампион Италија доживеа вистински дебакл на гостувањето во Осло, каде Норвешка ја совлада со убедливи 3-0. Сè беше решено уште во првото полувреме – Сорлот, Нордби Нуса и Халанд беа стрелци за домашната репрезентација, оставајќи го Донарума без одговор.

Хрватска не дозволи изненадување на гостувањето кај Гибралтар, славејќи со високи 0-5. Стрелци на головите беа Марио Пашалиќ, Фрањо Ивановиќ и Андреј Крамариќ – сите со по два гола, а во листата на стрелци се запиша и Иван Перишиќ.

Чешка, пак, без многу проблеми ја совлада Црна Гора со 2-0. Адам Хлозек го отвори резултатот во првиот дел, а Патрик Шик го постави конечниот резултат во вториот.

Во Талин, Израел ја совлада Естонија со 1-2. Домашните поведоа преку Каит, но Битон со два гола направи пресврт и донесе три бода за Израел.

- Оглас -

Најнови вести