Норвежанките казнети поради долгите шорцови

Норвешката женска репрезентација во ракомет на плажа ќе биде казнета поради тоа што не биле во дресови кои се според правилата за вакви мечеви. Наместо да носат долен дел од бикини, тие се одлучиле да облечат кратки сини шорцови.

Европското првенство се играше во Варна, а Норвешка играше против Шпанија во меч за третото место. Скандинавките се решиле да облечат дресови кои не се согласно правилата на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), па потенцијалната казна може да биде 50 евра од ракометарка.

„Секако дека ќе ја платиме секоја казна што ќе ја добиеме. Најважно е да играме во опрема која ќе биде удобна за спортистот. Тоа треба да биде слободен избор“, рече претседателот на Норвешката ракометна федерација, Каре Геир Лио.

Норвешка загуби во мечот за трето место со 40:44 од Шпанија. Нов европски првак во ракомет на плажа во женска конкуренција е Германија, која во финалето со 49:41 ја победи Данска.

 

- Оглас -

Најнови вести