Норвежанките немаат милост, сите противници во групата ги победија со 9 или повеќе голови разлика

Репрезентацијата на Норвешка уште во групната фаза најавува сериозна кандидатура за нова европска титула во женскиот ракомет.

По убедливите победи од 9 гола разлика против Хрватска и дури 17 разлика против Шведска, вечерва Норвежанките на ЕП ја прегазија и Унгарија со 10 гола разлика, 32-22, па со максимален број бодови (4) одат во втората фаза.

Данска беше подобра од Шведска со 25-23, а и двете селекции заедно со Словенија одат понатаму и пренесуваат по два бода.

- Оглас -

Најнови вести