Репрезентацијата на Норвешка со победата против Германија, го потврди тоа што го најави на стартот, дека е многу силна и има шампионски амбиции на Европското ракометно првенство за жени. Норвежанките ја разбија Германија со 42-23.
Нора Морк со 9 гола за само 36 минути беше најефикасна на теренот во данскиот град Колдинг, додека Херем постигна седум гола. Норвешка уште од самиот старт почна да прави разлика, првото полувреме го добија со 22-14, а во ист ритам продолжија и во наредните 30 минути. Во првото коло, Норвешка ја надигра Полска со 35-22.
Во другиот меч кој почна во 18.15 часот, Русија беше подобра од Чешка со 24-22.