Норвешка се врати на европскиот трон со победа од 22:20 во финалето на ЕП против Франција. Норвежанките беа многу подобри во првото полувреме и тука ја направија разликата што ја одржуваа до крајот на финалето во Хернинг.
Морк, Кристијансен и Скогранд со по 4 погодоци ги предводеа Норвежанките до рекордната осма шампионска круна на Стариот континент, а Франција не можеше комплетно да се врати по негативата од 10:14 по првиот дел и не успеа да забележи хет-трик на европските првенства.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1340725244504363014?s=20
Актуелните шампионки до денешното финале, се разбудија во вториот дел, успеаја дури и да поведат со 19:18 во финишот на мечот, но немаа сили за трет пехар во низа на европските првенства.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1340726936381792256?s=20
Бронзата и припадна на Хрватска по денешната победа против домаќинот Данска со 25:19, а Русија на петтопласирана на ЕП.