Женската ракометна репрезентација на Норвешка на убедлив начин го доби финалниот дуел против Франција со 29-21 и се врати на олимпискиот ракометен трон. Селекцијата на Торир Хергеирсон беше надмоќна, посебно во второто полувреме кога апсолутно го неутрализираа нападот на домашната селекција која потклекна и покрај големата поддршка од публиката.
Норвешка во последните мигови од првото полувреме дојде до два гола предност (15-13), а потоа и ја надгради на почетокот на вториот дел, кога поведе со 21-15. Тогаш веќе беше јасно дека Франција не може да се врати во игра за златниот медал.
Хени Реистад со осум гола беше најефикасна во победничкиот тим на Норвешка.