Фудбалерите на Нотингам форест оставија голема победа од 3:1 против Фулам во 31-вото коло од Премиер лигата со кое избегаа од опасната зона. Двојниот европски шампион сега има 25 бода и е 17-ти на табелата со три бода повеќе од опасната зона, додека Фулам остана на 39 бода и 12-та позиција.
„Шумарите“ имаа фантастичен старт на мечот и само по 19 минути игра водеа со 2:0. Калум Хадсон-Одои во деветтата минута го отвои резултатот, а десет минути подоцна Крис Вуд ја удвои предноста.
Победата беше обезбедена во последните моменти од првото полувреме, кога Морган Гибс-Вајт постигна гол за 3:0.
Во второто полувреме, Фулам преку Адарабиојо успеа да го ублажи поразот.
Њукасл, кој минатата година беше хит во Премиер лигата и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, сезонава игра многу полошо и сè поизвесно е дека следната сезона нема да игра во европските купови.
Њукасл вечерва ремизира 1:1 против Евертон и тоа на својот „Сент Џејмс парк“ и остана на осмото место со 44 бода, дури 13 помалку од петтиот Евертон.
Чавките поведоа со голот на Александер Исак во 15-тата минута. Исак на последните пет меча пред своите гледачи се запиша во листата на стрелци.
Евертон од пораз се спаси во финишот, Доминик Калвер-Луин од пенал во 88-мата минута го постави конечниот резултат.