1003 – Манчестер Ј. – Нотингем Ф. (16:00)
Двете екипи ја започнаа новата сезона со половичен ефект од една победа и еден пораз. Сепак, несомнено е дека Манчестер Јунајтед е голем фаворит во дуелот против Нотингем Форест. На последните 16 меѓусебни натпревари на овие две екипи биде постигнувани по најмалку два голови, а Нотингем Форест веќе 29 години, односно од 1994-тата година нема победа над “црвените ѓаволи“. Манчестер Јунајтед има 10 победи во серија против овој противник, а последен пат одиграле нерешено во 1996-тата година.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.96)
1539 – Жил Висенте – Бенфика (21:30)
Двете екипи имаа идентичен старт на првенството и забележаа по една победа и еден пораз. Овие две екипи имаат интересен биланс на дуелите на кои Жил Висенте бил домаќин. Тие чекаат победа пред својата публика над Бенфика уште од 2001-вата година. Во овие 22 години одиграле 17 натпревари во Барселос, на кои Бенфика победила дури 14 пати, а само трипати натпреварите завршиле нерешено.
Предлог тип: 2 & 3-5 (2.01)
3133 – Вождовац – Црвена Звезда (19:00)
Фудбалерите на Црвена Звезда имаат перфектен старт на сезоната и забележаа четири победи на исто толку натпревари во српското првенство со гол разлика од 16 дадени и само еден примен погодок. Тоа би значело дека нападот на “црвено-белите“ од Белград постигнува во просек по четири голови на натпревар. Црвена Звезда е во серија од 15 победи над Вождовац.
Предлог тип: 2 & 4-6 (2.24)
1005 – Арсенал – Фулам (16:00)
Екипата на Арсенал имаше очекуван почеток на сезоната во Премиер лигата и со шест бодови од два натпревари е во очекување на третата победа во низа. Имаат противник по мерка за такво нешто во екипата на Фулам, која ги нема победено уште од 2012-тата година, но тоа било на домашен терен. Фулам никогаш не го победил Арсенал на гости, а “топчиите“ победија на последните два дуели со 0-3 на гости и 2-1 на домашен терен. На шест од последните 10 дуели Арсенал му давал на Фулам по најмалку три голови.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (1.98)
2004 – Милан – Торино (20:45)
Милан со големи амбиции влезе во новата сезона од итаијанската Серија А. Тоа го покажаа уште на првиот меч, кога ја совладаа Болоња со 0-2 на гости. На последните 10 меѓусебни дуели, Торино само еднаш ги има победено “црвено-црните“ од Милано, а последната победа на Торино на гости во Милано е во 2000-тата година.
Предлог тип: 1 & 2-5 (2.25)