Нотингам форест е следен за одземање бодови

Екипата на Нотингам форест е следен на „тапет“ поради можно прекршување на финансискиот ферплеј. Според пишувањата на англиските медиуми, Нотингам може да го стигне слична казна како Евертон, кој сезонава веќе остана краток за 10 бода откако беше прогласен за виновен поради непочитување на финансискиот ферплеј.

Нотингам форест во јуни 2022 година се врати во Премиер лигата и во овие година и пол донесе дури 42-ца нови фудбалери.

Во Англија најголемо внимание има случајот со Манчестер сити, кој е обвинет за 100 прекршувања на правилата, но судењето против Граѓаните ќе биде дури во септември оваа година, а разврската се очекува да биде дури следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести