Нотингем Форест не се шегува, се искачи на третото место во Премиер лигата (Видео)

Нотингем Форест продолжува со одлични резултати оваа сезона во Премиер лигата. Шумарите славеа на гости против Брентфорд со 0-2 и стигнаа до деветтиот триумф, а со тоа с искачија и на третото место на табелата. Сепак, имаат еден одигран натпревар повеќе од четвртопласираниот Арсенал.


Ола Аина донесе предност за Нотингем, а Еланга на почетокот на вториот дел го постигна вториот гол.

Њукасл беше убедлив на гости против Ипсвич и победи со 0-4. Александер Исак постигна хет-трик, а погоди и Џејкоб Марфи.

Вест хем и Брајтон одиграа 1-1 во Лодон.

- Оглас -

Најнови вести