2.8 C
Skopje
сабота, 17 јануари 2026

Нотингем го сопре Арсенал во Англија, но затоа Баерн Минхен е незадржлив во Бундеслигата

Арсенал второ коло по ред игра без голови во англиското првенство. По ремито во дербито со Ливерпул во минатото коло, вечерва, Топчиите останаа без муниција и на гостувањето кај Нотингем форест. Арсенал постојано напаѓаше, упатија дури 15 шута кон голот на гостите, имаа четири големи шанси, не не погодија ниеднаш. Најзаслужен за тоа е голманот на Нотингем кој бранеше фантастично.

Со ова реми, Арсенал стигна до 50 бодови и сега има седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити кој денеска загуби од градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Во германското првенство, Баерн Минхен продолжува да ги „меле“ ривалите и победи на гости кај Лајпциг со 5:1. Интересно е дека Лајпциг водеше на полувреме, а Баерн гол-шоуто го започна во 50 минута кога израмни на 1:1, за да до крајот на средбата сна наполи мрежата на домаќините.

- Оглас -

Најнови вести