Јувентус веднаш се согласи да му помогне на Нотс Каунти да ја преброди кризата и беспарицата што го тресе еден од најстарите англиски клубови, но веднаш се појавија и пречки.
Раководството на италијанскиот гигант позитивно одговори на молбата на Лајам Гринвуд, член на Луабуристите, кој испрати писмо со молба за помош. Јувентус се согласи да испрати неколку гарнитури дресови што се актуелни во моментов кај Старата Дама, а имаат розеви ноти во чест на Нотс Каунти. Но, веднаш се појави и проблем, бидејќи двата клуба имаат договор со различни производители на опрема.
Јувентус има дресови со занкот на Адидас, а Нотс Каунти е под капата на Пума, па проблемот е голем. Се бара чаре за Јувентус и Нотс Каунти да ги надминат проблемите и да стаса помошта за некогашниот англиски гигант.
Нотс Каунти пред 116 години на сличен начин со гарнитура дресови му помогна на Јувентус да продолжи нормално да функционира и оттогаш е големото пријателство на двата клуба.