Нов бисер на Саудијците: Роналдо со Ал-Наср идната сезона ќе играл во ЛШ бидејќи саудискиот тим бил меѓу трите најпопуларни тима на светот??

Екипата на Ал-Наср за која настапува Кристијано Роналдо би можела да добие специјална покана за настап во Лигата на шампионите следната сезона?!

Оваа вест ја лансираа саудиските медиуми, па треба да се земе со огромна доза на резерва. Тие во своите пишувања претеруваат, објавија дека Ал-Наср по доаѓањето на Роналдо станал најбрзорастечкиот тим на светот и веќе бил меѓу трите најпопуларни фудбалски екипи?!

Од идната сезона, Лигата на шампионите ќе се игра во нов формат и со зголемен број екипи, наместо досегашните 32, ќе има 36 тима.

Саудијците пишуваат дека УЕФА сигурно ќе додели специјална покана за настап во ЛШ за некоја екипа и тие сметаат дека поканата највеќе ја заслужувал токму Ал-Наср, кој благодарение на Португалецот станал меѓу трите најпопуларни тима на светот.

- Оглас -

Најнови вести