24.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Нов блесок на Барди, пак даде гол за Коњаспор, но неговиот тим загуби (Видео)

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди постигна нов гол во дресот на Коњаспор во турското првенство. Барди погоди во 51 минута кога израмни на 1:1 против Аланијаспор, за голема радост на домашните навивачи.

Сепак, голот на Барди не беше доволен домашниот тим да освои бод(ови). Во 79 минута гостите поведоа со 1:2 и на крајот победнички си заминаа од гостувањето кај Коњаспор.

За Барди ова е втор погодок во четири меча во новата сезона, а Коњаспор остана на седум бодови и моментално е на петото место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести