Нов блесок на каратистите, Бојан Костов е кадетски вицешампион на Европа

Бојан Костов е кадестки вицешампион на Европа во категорија до 52 килограми, што е прв медал за Македонија на ЕП во Данска.

Костов го загуби дуелот со Ахмет Ахметов во финалето со 0:8, а за него имаше место на победничкиот подиум и тоа со сребрениот медал на градите.

Претходно нашиот кадет нанижа четири победи за пласман во финалето, но таму супериорен беше рускиот талент и го освои златото.

Претходно во категорија до 64 килограми Стефан Стојановиќ забележа три победи, но остана без медал, со пласман на петтата позиција.

- Оглас -

Најнови вести