Вилјареал не успеа да направи уникатен подвиг и да ја победи Барселона во неверојатниот меч вечерва на „Ла Керамика“. По неверојатните пресврти, на крајот двете екипи освоија по еден бод со реми 4-4.
Гостите почнаа одлично и со головите на Кутињо и на Малколм по 16 минути игра водеа со 2-0. Кога се чинеше дека им се подготвува потоп на домаќините, се случи неверојатен пресврт.
Чукуезе намали на 1-2 во 23-тата минута, резултат со кој заврши првото полувреме. Екамби по асистенцијата на Чукуезе израмни во 50-тата минута, а пресврт донесе Ибора со гол во 62-рата минута.
Барселона притисна да израмни, но прими нов гол. Ветеранот Санти Касорла одигра одличен пас до Карлос Бака во 80-тата минута, а напаѓачот на Вилјареал лесно погоди за предност од 4-2.
Ефикасниот меч го зачини Лионел Меси со нов брилијантен гол од слободен удар во 90-тата минута, а Барса со уште еден гол во последните моменти успеа и да израмни. Луис Суарес упати бомба која заврши во домашната мрежа во 94-тата минута.
https://www.youtube.com/watch?v=Bv7u1n1pp7s
Барселона остана на лидерската позиција со 70 бодови, 8 повеќе од Атлетико Мадрид. Вилјареал има 30 бодови на првата позиција над опасната зона со два бода повеќе од Селта.