Нов дебакл на Вардар, Работнички е нов лидер на табелата во Првата лига

Актуелниот шампион Струга Трим Лум убедливо го победи Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ со 1-4. Шкендија и Гостивар ремизираа, па Работнички е сега на првата ппзиција на табелата откако ја победи Воска Спорт на гости со 0-2.


Стружани преку Беким Камбери уште во третата минута дојдоа до водство против Вардар, а израмни Немања Босанчиќ во 27-та минута. Сепак, Басиру Компаоре повторно обезбеди предност за Струга ТЛ пред полувремето, а потоа погоди и уште еднаш за 1-3. До крајот, гостите постигнаа и уште еден погодок преку Кехинде за убедлив триумф.

Шкендија одигра 0-0 на гости во Кратово против Силекс, а повеќе од половина час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Александер Трумчи во 56-та минута.

Гостивар на домашен терен одигра 1-1 против Беса, а Работнички славеше со 0-2 на гости против Воска Спорт. Али Регба во 40-та минута и Атдхе Мазари во 75-та минута беа стрелци на головите за новиот лидер на табелата.

Шкупи со новиот тренер ја победи Брера со 3-1, а Пелистер и Тиквеш ремизираа без голови.

Standings provided by Sofascore
- Оглас -

Најнови вести