Антонио Конте наместо во мир да тагува за загубеното финале во Лигата на Европа, три дена по поразот од Севилја дозна дека е измамен за 30 милиони евра.
Неколку италијански медиуми ја пренесоа шокантната вест како тренерот на Интер наседнал на оваа измама уште во периодот кога беше тренер на Челзи (од 2016 до 2018 година).
Конте ја доверил сумата точно 30.600.000 евра на Масимо Бочикио, односно инвестирал преку овој човек кој наводно работел во „HSBC“ британска банка, по што Италијанецот очекувал заработка во јуни годинава. Точно е дека Бокико работел за банката, но напуштил уште во 2012 година. Тоа не го спречило да убедува нови клиенти да вложуваат преку него.
Конте и уште седум други лица наседнале на измамата и биле ослеснети за вкупно 61.400.000 евра. Кога дојде времето за Конте да ги повлече парите назад, се испостави дека електронската пошта преку која контактирал со Бикико е лажна, документите фалсификувани, а банката потврдила дека нема никаква поврзаност со инвестицијата, по што оштетените се обратија на судот во Лондон.
На Бочикио сега му се замрзнати сметките во Велика Британија и Швајцарија, одземени му се и луксузните станови во Лондон, Мајами и неколку во Италија.