Нов договор како дополнителна награда за најдобриот дефанзивец во Европа

Манчестер сити му го продолжи договорот нa Рубен Дијаш до јуни 2027 година како награда за неговата одлична дебитантска сезона во дресот на Граѓаните. Со сигурност му е зголемена и платата, а со овој потег англискиот првак потврди дека Португалецот е недопорлив.

Дијаш во својата дебитантска сезона запиша 50 настапи во сите натпреварувања со еден постигнат гол, освои двојна круна во Премиер лигата и Карабао купот, додека им помогна на Граѓаните да стигнат до првото финале во Лигата на шампионите, кое го загубија од Челзи.

Дијаш испиша историја како еден од ретките фудбалери кој ја добил наградата за најдобар играч во Премиер лигата во својата прва сезона, а од страна на УЕФА пред неколку дена беше прогласен за најдобар дефанзивец во Европа за сезоната 2020/21.

- Оглас -

Најнови вести