Нов доказ дека Новак е најдобар на сите времиња, се најде на насловната страница на најпознатиот магазин (Фото)

Новак Ѓоковиќ доби голема чест, ќе биде на насловната страница на најпознатиот спортски магазин „Спортс илустрејтед“.

Во текстот „Novak Djokovic is the Last GOAT Standing“, новинарот Џон Вертим пишува дека Ноле е последен „најдобар на сите времиња“ кој сè уште е активен спортист.

Новинарот во текстот ги опишува успесите на Ѓоковиќ и пред неговиот настап на Мастерсот во Индијан Велс, а притоа порачува дека дебатата околу најдобриот на сите времиња е завршена.

За тоа каква чест доби Ѓоковиќ со тоа што е на насловната страница на „Спортс илустрејтед“, најдобро покажува тоа дека на неа биле и имиња како поранешни претседатели на САД: Џон Кенеди, Роналд Реган, Мајкл Џордан, Мумахед Али, Леброн Џејмс, Том Брејди, Карим Абдул Џабар, Меџик Џонсон, Арнолд Шварценегер…

 

 

- Оглас -

Најнови вести