Нов домашен кикс на Динамо, Хајдук има шанса да побегне на плус 5 после само три кола

Динамо Загреб и Горица меч од хрватската лига одиграа без голови, па сега актуелниот хрватски првак има само четири бода после три кола, и лидерот Хајдук има шанса со победа да му побегне на Динамо на пет бода разлика.

Динамо вечерва одмораше некои од своите клучни играчи, Стефан Ристовски влезе во игра дури во 78-ма минута, а ни измените не донесоа резултат, иако Динамо на дождливото време имаше доста шанси. Горица не знае за пораз после три кола, за нив бодот на „Максимир“ е голем како куќа“.

- Оглас -

Најнови вести