Македонскиот првак Шкендија одигра нерешено 1:1 во дуел против Јагелонија во меч од третото коло во Конференциската лига на УЕФА. Со ова реми, Шкендија сега има четири бода и останува со шанси дека може да се изборат и за влез во нокаут-фазата.
Буквално секунди ја делеа Шкендија од победа. Тетовци поведоа со 1:0 со голот на Лиридон Љатифи за голема радост на домашните фанови на арената „Тодор Проески“ во 49-тата минута. Вебстер изведе корнер, а Љатифи со глава ја затресе мрежата на гостите за голема радост кај домашните фанови.
Shkëndija 1-0 Jagiellonia Białystok – Liridon Latifi 49′
byu/4gjdtokurwa insoccer
Јагелонија, кој е тим што се бори и за титулата во Полска, се мачеше да стигне до израмнување, но на крајот гостите успеаја. Иако главниот судија покажа дека ќе се играат дополнителни 7 минути продолжение, гостите израмнија со погодок во 90+10 минута, со голот на Серхио Лозано. Веднаш по тој гол беше означен и крај на мечот.
Шкендија со четири бода сега е на 21-вото место на табелата, додека Јагелонија има пет бода и е на 14-тото место на табелата.

