Нов фудбалски бисер во Бразил: Месињо одби понуда од ПСЖ, желба му е да игра за Барселона

Нов фудбалски бисер е на радарот на големите европски клубови. 16-годишниот бразилски фудбалер Естеван или како што е познат во неговата татковина, Месињо, игра за Палмеираш, а неговиот клуб веќе одби богата понуда од ПСЖ која изнесуваше неверојатни 50 милиони евра.

Освен ПСЖ, тој е на радарот и на Манчестер сити и на Барселона, а токму “каталонците“ се неговиот прв избор, пред се поради аргентинецот Лионел Меси.

Месињо може да игра на сите позиции во офанзивата, но неговата примарна позиција е лево крило. Висок е 170 сантиметри и според стилот многу наликува на најдобриот светски фудбалер.

 

 

- Оглас -

Најнови вести