11.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Нов гол на Етеми кој се наметнува кај селекторот Милевски за мечот со Италија

Валон Етеми игра во добра форма за екипата на Истанбулспор во втората турска лига, а тоа го потврди и денеска каде што даде нов гол.

Новопечениот македонски репрезентативец погоди во 12-та минута погоди против Тузласпор со што го најави триумфот од 2:0 на ова незгодно гостување во рамките на 26-то коло од турската втора лига.

Етеми покрај овој шести гол, има и седум асистенции со што е најдобар асистент во ова натпреварување. А со тоа и се наметнува дополнително кај селекторот Благоја Милевски во пресрет на бараж-натпреварот против Италија за Светското првенство во Катар.

- Оглас -

Најнови вести