Иван Тричковски е симбол на АЕК Ларнака, најдобар стрелец во историјата на клубот и носител на Златната копачка во Кипар, а не престанува да дава голови и на 35-годишна возраст.
Денеска капитенот пак беше стрелец за АЕК против Олимпијакос Никозија, и тоа двоен, што му се трет и четврти погодок во новото првенство на Кипар, во кое во сезоната 2019/20 ја освои Златната копачка со 20 гола.
Во англиски стил со удар со глава Тричко ја затресе мрежата на гостите во 44-тата минута, во тој момент за предност на АЕК од 2:0.
И во оваа сезона речиси и нема дилеми дека популарниот Иве пак ќе биде топ-голгетер во својот тим, а најавува и битка за ново признание, најдобар стрелец во кипарското првенство.
Повторно капитенот на АЕК беше стрелец во последните моменти на мечот, во 95-тата минута.
АЕК го победи Олимпијакос со 4:2, а Тричковски го одигра целиот меч за домашниот тим.