Македонскиот репрезентативен напаѓач Елмин Растодер продолжува да остава значаен белег во швајцарскиот шампионат. Во новата убедлива победа на неговиот Тун, тој денеска повторно се запиша меѓу стрелците.
Тун го совлада Грасхоперс со 5-1, а Растодер постигна погодок во 61-та минута за водство од 4-1.
Со овој погодок, македонскиот напаѓач стигна до својот 12-ти гол во сезоната, што го држи во Топ 4 на листата на најдобри стрелци во швајцарското првенство.

