16.8 C
Skopje
вторник, 2 септември 2025

Нов голем пресврт: Џексон сепак ќе игра во Баерн, Челзи ќе добие 80 милиони евра

Во финишот на преодниот рок, Баерн Минхен доби ново засилување во името на Николас Џексон. Подолг период траеше сагата околу овој трансфер, а откако се мислеше дека договорот ќе пропадне, се случи нов пресврт.

Сепак, по неколку недели преговори, германскиот првак и лондонскиот клуб постигнаа конечен договор кој вклучува позајмица со обврска за откуп. Според информациите од германскиот „Билд“, Баерн ќе му плати на Челзи 16,5 милиони евра за едногодишна позајмица, додека клаузулата за откуп е одредена на 80 милиони евра.

Клаузулата за откуп стапува на сила ако Џексон одигра одреден број натпревари, што го прави трансферот практично извесен. Вкупниот пакет е вреден околу 81 милион евра, а договорот ќе биде на пет сезони.

Сенегалскиот напаѓач веќе успешно ги помина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор, кој ќе биде активиран кога откупната клаузула ќе биде официјализирана.

- Оглас -

Најнови вести