Челзи е најголемото разочарување во Европа од почетокот на 2023 година. Англискиот клуб не жалеше пари за нови играчи во јануарскиот преоден рок и потроши 330 милиони евра, но тоа засега нема никаков ефект.
Лондонскиот тим е во тешка резултатска криза и има само една победа во 11 дуели одиграни во сите натпреварувања во 2023 година. Покрај сите тие лоши резултати, сега пристигна и лоша вест, а е поврзана со капитенот Тијаго Силва.
Бразилскиот репрезентативец се повреди на неделниот меч против Тотенхем, а по направените прегледи и магнетна резонанца, констатирано е дека има проблеми со лигаментите на коленото. Проценките се дека Силва ќе паузира во следните шест недели.
An update on Thiago Silva. ⤵️
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 28, 2023