Нов голем резултат и македонски рекорд на Никола Ѓуретановиќ

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ испиша историја со уште една извонредна трка во која постави нов рекорд.

На само 17 години, Ѓуретановиќ стана првиот македонски пливач кој успеал да исплива 400 метри слободно во 50-метарски базен за помалку од четири минути. Рекордното време од 3:57.75 го постигна на меѓународен натпревар во Ниш, надминувајќи го претходниот национален рекорд на Марко Блажевски (4:00:53).

Овој резултат не само што е нов македонски рекорд, туку е и за речиси девет секунди побрз од времето што Ѓуретановиќ го постигна на Олимписките игри во Париз, каде што заврши со резултат од 4:05.38. Со своето денешно време, тој би бил пред седум пливачи во трката на Олимпијадата.

- Оглас -

Најнови вести