Нов голем срам за Арсенал, нивен фудбалер преку „Инстаграм“ моли за трансфер

Ејнсли Мајтланд-Најлс, фудбалерот на Арсенал, очајно посакува заминување од Лондон и преселба во Ливерпул за да игра за Евертон, макар и како позајмен од неговиот сегашен клуб. Интерес за 24-годишниот Мајтланд-Најлс има од Евертон, но Топчиите го кочат трансферот, па фудбалерот реши преку социјалните мрежи побара да биде ослободен.

Арсенал има многу проблеми, за првпат не успеа да даде гол во првите три кола и нема ниту еден бод, а ова со Мајтланд-Најлс е капак и продлабочување на кризата.

„Сакам само да одам некаде каде што ќе ме сакаат и каде што ќе играм“, порача Мајтланд-Најлс, кој го „тагна“ Арсенал, а стави и емотикон од солзи, што докажува во каква состојба е.

- Оглас -

Најнови вести