Шпанската фудбалска репрезентација се соочува со нови проблеми настанати од корона-вирусот откако е потврден втор случај по Серхио Бускетс. Дефанзивецот Диего Љоренте исто така е позитивен и е веднаш изолиран од националниот состав.
Фудбалерот на Сосиедад дефинитивно го пропушта премиерниот меч за Фуријата против Шведска во првото коло закажан за 14 јуни, додека останува неизвесно дали селекторот Енрике ќе може да смета на Љоренте во остатокот од групната фаза.
Поради опасност од ширење на вирусот, останатите шпански фудбалери во наредните денови ќе тренираат индивидуално.