Нов „икс“ на Рисовите и реванш на Бразил во „Суперкласико“, гласи прогнозерскиот тикет со неверојатна квота 2.812

Во третото коло на бесплатната игра Спортска прогноза учествуваа дури 1.920 прогнозери кои со своите приложени типови се надеваат дека ќе стигнат до главниот подарок, луксузниот смартфон „ајфон 12“.

Од „среќната 13-ка“ вчера се одиграа три меча, а со преостанатите девет може да се состави тикет со неверојатно висока квота 2.812, според тоа како прогнозираше мнозинството учесници, а може да донесе огромна добивка во случај натпреварите да завршат со посакуваните исходи. Со симболични 100 денари може да се стигне до добивка од нешто повеќе од 280 илјади денари, па нема причина зошто да не си ја пробате среќата.

Тикетот стартува со нов „икс“ на Македонија, овојпат на гостувањето кај селекцијата на Исланд, за што се нуди квота од 3.20. Се очекува победа на европскиот шампион Италија на гостувањето кај Швајцарија при одличен коефициент 2.07.

Со преселбата на јужноамериканскиот континент, каде што силите ќе ги вкрстат вечните ривали Бразил и Аргентина, би требало Кариоките да се реваншираат за поразот од Меси и дружината во финалето на Копа Америка, па тој „кец“ носи 2.45 квота.

Најмалите квоти на прогнозерскиот тикет се гостинската побееда на Мексико кај Костарика од 1.79, како и евентуален триумд на Перу против Венецуела со 1.67.

6768 Исланд – Македонија X (3.20)

6769 Aлбанија – Унгарија X (2.95)

6774 Kосово – Грција 2 (2.35)

6772 Швајцарија – Италија 2 (2.07)

6707 Бразил – Аргентина 1 (2.45)

6708 Еквадор – Чиле 2 (3.75)

6709 Парагвај – Колумбија 2 (2.23)

5729 Костарика – Мексико 2 (1.79)

6711 Перу – Венецуела 1 (1.67)

- Оглас -

Најнови вести