Донте Вајлдер и Тајсон Фјури во недела наутро во 3 часот по македонско време ќе се борат за шампионскиот појас во ВБЦ титулата. Нетрпеливоста кај двајцата боксери е повеќе од очигледна. Кога и да бидат во непосредна близина, има инциденти.
Така беше на вчерешната прес-конференција, така е и вечерва на мерењето на тежината на двајцата боксери. Прв на вагата застана Фјури кој е тежок 116,1 килограм. Потоа дојде ред и на Вајлдер, кој излезе во посебна маска. Вајлдер е полесен и тежи 96,1 килограм, односно е 20 килограми помалку од противникот.
За време на мерењето, Фјури постојано провоцираше и бараше физички контакт, како што имаше на нивните претходни три прес-конференции.
https://twitter.com/ShowtimeBoxing/status/1068621368340623360
Додека Фјури делуваше бесно и сакаше да се тепа, Вајлдер мирно стоеше и гледаше директно во противникот. Големиот број на обезбедување не дозволи да има инцидент и физички контакт меѓу двајцата борци. Шоуто сепак остана да се чува за недела рано наутро.
Final face-off between @BronzeBomber & @Tyson_Fury #WilderFury pic.twitter.com/Wd2nSwsRff
— SHOWTIME Boxing (@ShowtimeBoxing) November 30, 2018