Нов италијански коментатор и нов циркус со презимињата (Видео)

Италијанските коментатори се хит месецов со начинот на којшто ги читаат презимињата на фудбалските репрезентативци на различни натпревари.

По хит снимката на социјалните мрежи кога италијански коментатор експресно го прочита составот на Јужна Кореја за мечот со Уругвај на Мундијалот во Катар, сега има нов Италијанец кој ќе ве насмее со начинот на којшто ги читаше презимињата на австриските репрезентативци.

Италија ѝ гостуваше на Австрија пред пет дена и загуби со 2:0 на „Ернст Хапел“ во Виена, а секако погледнете го ОВДЕ видеото што ќе ве насмее со начинот на којшто коментаторот ги чита презимињата на репрезентатвците на Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести