Предизвик на Божинов: Жонглирање со куче во рацете (Видео)

Бугарскиот фудбалер Валери Божинов често наоѓа начини како да го привлече вниманието на фановите. Овојпат „изумот“ на Божинката, кој игра за Пескара, е жонглирање со куче во рака.

Некогашниот бугарски репрезентативец, кој играше и за Јувентус и Манчестер сити, додека жонглира, носи гаќички со клупскиот амблем на Милан, па некои негови фанови се пошегуваа дека Валери им се нуди на Росонерите како замена за Златан Ибрахимовиќ, кој веројатно ќе си оди.

Погледнете како изгледа да се жонглира со фудбалска топка и притоа да се држи куче во рака:

https://www.instagram.com/p/B-pfZ1OC63d/?utm_source=ig_web_copy_link

- Оглас -

Најнови вести