Нов јадрански дебакл на МЗТ, Штрковите немоќни во Задар

МЗТ Скопје Аеродром после поразот на гостувањето кај Задар од 79-98, сега е осамен на дното на табелата во јадранската АБА лига со само две победи на 11 меча.

Металците катастрофално го почнаа натпреварот, во средина на втората четвртина имаа неверојатна негатива од 25 поени разлика, и уште тогаш беше јасно дека следува нов пораз.

Лука Божиќ со 27 поени, 10 скока и 7 асистенции, беше најдобар поединец кај задрани, а кај МЗТ најефикасни беа Страхиња Миќовиќ со 22 и Војдан Стојановски со 18 поени. Дастин Вер дебитираше со 3 поени и осум асистенции.

- Оглас -

Најнови вести