Горан Силјановски се врати во Работнички и само ја продолжи низата кај клубот од Дебар Маало во зимскиот преоден рок. Двете страни веќе се договорени за нова соработка, а останува само формалност и потпис на договорот. Силјановски ќе му се приклучи на тимот на зимските подготовки во Анталија.
По нешто повеќе од две години минати во редовите на албанскиот прволигаш Фљамуртари, Силјановски одлучи повторно да игра за Работнички.
Пред него во овој преоден рок во клубот се вратија Баже Илијоски и Милован Петровиќ, а Силјановски е осмото засилување за „романтичарите“ кои имаат големи амбиции.
Во клубот пристигнаа и Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Бразилците Соуза јуниор и Жунињоп Кабрал.