Унаи Емери, новиот тренер на Вилјареал, повторно немаше свој ден. Откако од клубот направија гаф при претставувањето речиси пред една недела и објавија негова стара слика од претставувањето во Арсенал, вчера повторно имаше повод за шеги од страна на фановите.
На социјалните мрежи на Жолтата подморница се појави слика на Емери од неговиот прв работен ден. Од клубот напишаа прв работен ден во канцеларија, а Емери на фотографијата држи пенкало, со кое наводно ќе фаќа прибелешки. Но, има еден проблем: капачето не е извадено. Навивачите прашуваат како ќе пишува Емери со капаче на пенкалото.