Само две кола поминаа во шпанската Примера дивисион, а Атлетико Мадрид веќе е во проблеми. По поразот во првото коло на гости кај Еспањол, мадридскиот гигант вечерва на свој терен одигра само 1:1 против Елче.
Атлетико беше голем фаворит за победа и водеше со 1:0 и тоа по само осум минути игра кога погоди Сорлот. Сепак, радоста на домаќините траеше кратко, затоа што Рафа Мир во 15 минута погоди за Елче и израмни на 1:1.
По израмнувањето, имаше уште 75 минути за игра, но Атлетико не успеа да го скрши отпорот на гостите и на крајот домашните фудбалери со свирежи беа испратени од „Ванда Метрополитано“.
Елче со голот што го даде во Мадрид само ја продолжи одличната низа од девет натпревари по ред на кој овој тим постигнува барем еден погодок. Ова е најдобра ваква низа на Елче уште од сезоната 1970/71.