Нов кикс на Бенфика, лисабонците одлучиле Порто да биде шампион

Бенфика загуби од Маритимо со 0-2, што за гигантот од Лисабон е втор пораз по ред и со тоа се оддалечува од битката за титулата. Порто е прв со три бода предност и ако слави вечерва, на пет кола до крајот ќе отиде можеби на недостижни плус шест.

На Маритимо, со оглед на местото на табелата, бодовите не му значеа премногу, но тимот одигра чесно и славеше со 2-0. Маритимо претходните четири дуели со Бенфика ги губеше, и тоа без да даде гол. Бенфика во последните шест кола има само една победа и титулата која ја имаа в раце, сега изгледа тешко достижна, особено ако Порто го совлада Пасош Фереира.

- Оглас -

Најнови вести