Актуелниот италијански првак втор меч по ред не може да победи во Серија А. По стартните две победи во новата сезона, следуваше пораз од Лацио (1:2), а сега и реми на теренот кај Џенова (2:2).
Ако се гледа текот на мечот, ремито е и задоволувачки резултат за шампионот, затоа што Џенова водеше со 2:0 до 15 минути пред крајот. Бани погоди во 40 минута за водство на Џенова, а домаќините ја удвоија предноста со голот на Ретегуи во 56 минута.
Наполи се врати во игра благодарение на погодокот на Распадори во 76 минута, а потоа следуваше погодокот на Политано во 84 минута за 2:2. На овој меч, за прв пат сезонава стартер кај Наполи беше Елиф Елмас, но македонскиот репрезентативец одигра само едно полувреме, а потоа остана во соблекувалната пред стартот на вториот дел, кога на негово место во игра влезе Политано.