Нов кикс во Ла Лига: Реал не знае да победува кога се свират пенали против нив (Видео)

Реал Мадрид и трет натпревар по ред остана без победа во Ла Лига, откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Осасуна и му подари шанса на Атлетико Мадрид да ги мине на табелата.

Натпреварот започна според посакуваното за „кралевите“, па Килијан Мбапе уште во 15-тата минута донесе водство од 0-1. Во 39-тата минута директен црвен картон заработи Џуд Белингам, а гостинските фудбалери протестираа и за недосуден пенал после играње со рака во шеснаесетникот.

Во второто полувреме, главниот судија Мунуера досуди пенал за Осасуна, што е втор по ред против Реал Мадрид, а на крајот се покажа и како пресуден за ремито против Осасуна, слично како и на претходниот меч против Атлетико Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести